Connect with us

Фудбал

По Ибрахимовиќ уште едно засилување во Милано

Милан по Златан Ибрахимовиќ донесе уште едно засилување.

„Росонерите“ последниве недели бараат ново решение на стоперската позиција и доколку се суди според известувањата на тамошните локални медиуми, тие пронашле засилувања во Севилја.

Како што напредува сезоната, дресот на Милан, наводно, ќе го носи 30-годишниот Симон Кјер, кој доаѓа на „Сан Сиро“ на шестмесечна позајмица, а трансферот дојде откако Матија Калдара се договори со Аталанта.

Токму во Аталанта Кјер ја помина претходната полусезона, но бидејќи имаше скромна минутажа, тој реши да го раскине договорот за заем и да му се приклучи на Милан.

„Трансферот на Кјер е прашање на денови. После сезоната, Милан ќе може да го откупи и неговиот договор од Севиља“, пишуваат италијанските медиуми.