Connect with us

Фудбал

По испаѓањето од Лигата на шампионите, Нагелсман за се обвини само еден играч

Баерн синоќа доживеа шокантно испаѓање во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Виљареал.

Виљареал го доби првиот меч на домашен терен со 1:0, а на синоќешниот натпревар на Алијанц Арена беше 1:1, поради што Жолтата подморница сензационално се пласираше во полуфиналето.

Баерн поведе на почетокот на вториот дел со голот на Роберт Левандовски за 1-0 и се чинеше дека Баварците на крајот ќе дојдат до победа и пласман понатаму, но доживеаа шок во самиот финиш.

Гостите успеаја да израмнат на 1:1 во 88. минута кога Чуквуезе постигна гол и ги шокираше навивачите на Баерн. До крајот на натпреварот резултатот не се менуваше, па Виљареал отиде понатаму.

По натпреварот се одржа прес-конференција, а тренерот на клубот од Минхен, Јулијан Нагелсман особено го критикуваше Томас Милер по испаѓањето од Лигата на шампионите.

При резултат 1:0 за Баерн, Милер пропушти неверојатна можност кога сите ја видоа топката во голот, а Нагелсман очигледно многу му замери, како што јасно кажа на прес-конференцијата.

„Томас мораше да постигне гол, не добивате такви шанси толку често. Неговото промашување му овозможи на Виљареал да остане во игра, а нивната резерва Чуквуезе го постигна тој гол во финишот“, рече Нагелсман, додавајќи.

“Првиот натпревар беше клучен. Не бевме доволно добри и тоа е тоа. Денеска одигравме еден од подобрите натпревари во претходните недели, но беше тешко да се создадат шанси бидејќи тие само се бранеа”.

Реклама

Facebook