Поврзи се со нас

Фудбал

По историскиот успех доаѓаат проблемите: Неколку играчи на Аталанта сакаат да заминат, причина малата плата

Аталанта имаше сезона од соништата. Обезбеди директен пласман во ЛШ, таму стигна до четвртфиналето, каде водеше со 1:0 до 90-та минута против ПСЖ, но за жал потоа прими два гола за три минути и заврши со учеството во ова натпреварување. Следната година повторно ќе играат во ЛШ, бидејќи оваа сезона во Серие А ја завршија на третото место.

Но, по убавата бајка, следуваат и проблемите. Како што најавуваат медиумите неколку играчи се на излезна врата на Аталанта, а причина за такво нешто е малата плата. Се спомнуваат Ханс Хатебур, Робин Госенс, Берат Џимшити. Се чини дека прв на ова се одлучил Хатебур.

-Резултатите на Аталанта минатите три сезони беа фантастични, но мислам дека не можеме подалеку. За мене кругот е затворен и сакам во нов клуб, изјави Хатебур.

Сите спомнати играчи на годишно ниво заработуваат нешто помалку од по половина милион евра. Со оглед на постигнатите резултати и прикажаното на теренот, во некоја друга екипа сигурно дека ќе добијат најмалку двојно повеќе.

 

Advertisement

Facebook

Реклама