Connect with us

Други спортови

По крвничките тупаници од сопругот, Рејчел се враќа во октагонот

По пеколот кој го доживеа пред два месеци, кога сопругот крвнички ја претепа, УФЦ борачката Рејчел Остович викендов ќе се бори против Пејџ ван Зант во Бруклин, меч кој важи за еден од најсексапилните во историјата на овој спорт.

Американката истакна дека минала низ тежок период, но токму поради тоа е силно мотивирана, а самото враќање во октагонот е победа.

  • Додека лежев во болница размислував за победа на овој меч, кој морам да го одработам перфектно. Бев скршена кога дознав дека го откажале големиот настан, но татко ми така одлучил, што во тие моменти можеби беше вистински потег. Меѓутоа, ја посакував оваа борба. Имав многу причини да се откажам, но не сакав. Овој пат тоа е само минато, одиме да се пресметаме, истакна самоуверено Рејчел.

Остович се надева дека овој нејзин пример ќе ги мотивира останатите луѓе кои со години го трпат семејното насилство.

  • Боречките спортови се едни од најтешките работи со кои може да се занимавате. Тие со себе носат и физичка и ментална сила. Но, тука сум и покрај се што ми се случи. Сето ова ми помага да сфатам која сум како личност. Се надевам дека ова ќе ги мотивира сите кои некогаш се најдоа во мојата ситуација, сакам да им бидам пример како да се справат со тоа, додаде Американката.

На крајот испрати пофални зборови и до нејзината противничка.

  • Пејџ е искусна и позната борачка. Има разновидни удари и се бори со срце, нешто што не краси и двете. Тоа ќе биде голем меч, не само во рингот, туку и помеѓу навивачите. На крајот никој нема да загуби, ќе видите. Победата е единственото за кое размислувам, бидејќи потребна ми е повеќе од било кога. Веќе се чувствувам како да сум победила, со самото тоа што сум тука, заврши Американката.

Инаку, Остович на Хаваите ја претепа нејзиниот сопруг Арнолд Брендон, кој исто така е УФЦ борец. Тој има забрана за доближување поради насилството кое го трпи веќе со години. Последиците од последниот немил настан беа скршени коски за Остович, која потоа беше хоспитализирана.