Фудбал
По одличните настапи во дресот на Абердин, Миовски би можел во Англија, еден клуб сериозно заинтересиран за неговите услуги!
Напаѓачот на Абердин, Бојан Миовски, наводно е мета на премиерлигашот Саутемптон. 23-годишниот играч минатото лето се приклучи на Абердин од МТК Будимпешта и стигна до 15 голови во шкотската премиер лига.
Миовски, оваа сезона има постигнато 17 гола во сите натпреварувања, а моментално се наоѓа на третото место во трката за златната копачка во првата лига.
Шкотскиот „Сан“ објави дека Саутемптон, кој штотуку го назначи помошниот тренер Рубен Селес за менаџер до крајот на сезоната, го следи напредокот на македонскиот напаѓач.
Извештајот, исто така, вели дека „Светците“ испратиле скаути во Паркхед минатата недела за да го видат 23-годишникот лично, но Абердин беше поразен од 4-0 од Селтик.