Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: По пауза од 123 дена ПСЖ одигра меч и победи со неверојатни 9:0

Фудбалерите на ПСЖ го одиграа првиот меч по прекинот на сезоната во Франција поради коронавирусот. „Светците“ денеска му гостуваа на Ле Авр, а судејќи според резултатот се чини дека паузата од 123 дена немала големо влијание..

Првакот на Франција славеше со 9:0 и ја оправда улогата на голем фаворит против второлигашот.

Во првиот дел во кој ПСЖ водеше со 5:0, по два гола постигнаа  Мауро Икарди и Нејмар, а еден Мбапе.

Во вториот погодија Сарабиа два пати и по еднаш Геје и Калимуендо. Ова беше пријателски меч.