Тајмаут
По пипање, нема каење: Фудбалер под истрага поради недолично однесување
Судејќи според видеото кое стана вирално, Патерсон не беше многу возбуден од ова сексуално вознемирување.
Вистина, ниту судиите не видоа што се случи, но камерата снимаше сè и поради тоа последователно беше покрената истрага против Фишер.
„Фудбалерот на Престон, Дернел Фишер е под истрага за недолично однесување на натпреварот против Шефилд Венсдеј“, потврди неименуван претставник на ФА Англија.
Фишер има рок до вторник, 24 ноември, да се изјасни за виновен.
Ниту тој ниту Патерсон го објавија инцидентот, а дефанзивецот на Престон ги затвори своите сметки на социјалните мрежи.