Connect with us

Фудбал

По рестартот на сезоната, само Меси е подобар од него, но дали Интер ќе успее да го задржи?!

Само Лионел Меси по рестартирањето на сезоната има повеќе асистенции од напаѓачот на Интер, Алексис Санчез, кој во моментов игра како позајмен од Манчестер Јунајтед. Меси има 8, додека Санчез 7 асистенции откако фудбалот повторно почна да се игра по долгата пауза поради коронавирусот.

Но, прашање е дали Интер ќе успее да го задржи, пред се поради неговата висока плата, бидејќи за откуп пари има. Неговата цена е 20 милиони евра.

Но, има кој може да си дозволи такво нешто.  Екипата на Манчестер Сити е подготвена да направи изненадувачки обид да потпише со Алексис Санчез пренесуваат медиумите во Чиле. 31-годишниот напаѓач се очекуваше да му се придружи на тимот на Пеп Гвардиола во јануари 2018 година, но тогаш „црвените ѓаволи“ ги престигнаа своите градски ривали и направија договор со Арсенал.

Чилеанскиот весник „Ла Куарта“ пренесува дека Сити контактирал со претставниците на Санчез за да открие што барал напаѓачот за време на разговорите со Интер. Во извештајот се тврди дека Јунајтед бара 17 милиони фунти да се разделат со Санчез.

Во меѓувреме, Интер сака да го продолжи заемот на Санчез по втор пат, така што тој ќе биде достапен за натпреварите во Лигата на Европа следниот месец.

По рестартирањето на Серија „А“ во јуни, Санчез има два гола и седум асистенции на 10 настапи за Интер.