Фудбал
По шокантниот пораз од Лајпциг, Тухел со изјава: Како загубивме, искрено не знам!
Баерн Минхен загуби на домашен терен од Лајпциг со 3:1, а овој пораз е шокантен бидејќи доколку Борусија Дортмунд победи ќе биде на чекор до титула. Тренерот на Баварците, Томас Тухел нема објаснување за поразот.
-Поведовме и можевме да постигнеме втор гол. По 30 минути престанавме да играме. Во вториот дел не бевме на теренот. Не можам да го објаснам тоа. Гледам дека тимот е во добро расположение на тренинзите, а добро се одморивме пред овој натпревар. Немам објаснување за тоа што се случи, вели Тухел.