Connect with us

Фудбал

По средбата со Куман: Меси не може да реши за својата иднина

Барселона, 21 август 2020 (МИА) – Лионел Меси сè уште не донел конечна одлука за својата иднина, пренесува „Марка“.

Аргентинецот не е задоволен од она што се случува во тимот, но во Каталонија го држат бизнисот и семејството.

Се очекува Меси да донесе конечна одлука во наредните денови.

Според „РАЦ1“, Меси се сретнал со новиот тренер на Каталонците, Роналд Коман и објаснил дека наскоро ќе го напушти „Камп Ноу“, бидејќи е многу разочаран од поразот од Баерн со 2:8 и од општата состојба во клубот.

loading...

Сепак, Меси е свесен дека не може лесно да ја напушти Барселона, бидејќи има важечки договор до 2021 година. 33-годишниот напаѓач е дете на Барселона. Минатата сезона напаѓачот учествуваше на 44 натпревари на сите турнири, во кои постигна 31 погодок и 26 асистенции.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com