Connect with us

Фудбал

По стапките на таткото и чичкото, Невил потпиша за Манчестер Јунајтед

Уште еден Невил ќе игра професионално со Манчестер Јунајтед. Станува збор за 18-годишниот Харви, младинец на „Црвените ѓаволи“ кој потпиша професионален договор со славниот клуб. Тој е син на Фил Невил, поранешниот играч на Јунајтед и Евертон, како и англиски репрезентативец. Договорот е на една година, што значи дека ќе мора да се докажува во резервниот тим, за да осигура шанса да настапи за најсилниот состав.

Неговиот татко Фил 60 пати играше за Англија, а во моментов е селектор на женската репрезентација. Беше помошен тренер во Валенсија, каде неговиот брат Гери имаше кратка неуспешна кариера. Гери е попознат од браќата Невил, поранешен капитен и легенда на Јунајтед.