Connect with us

Фудбал

По титулата, Модриќ сака нов успех со Реал

Лука Модриќ пружа одлични партии во дресот на Реал Мадрид.

Модриќ освои нова титула во Шпанија, а сега истакнува дека сака да победи на реваншот против Манчестер Сити.

„Ова е првпат однапред да стигнеме до титулата. Тоа кажува многу“, посочува Хрватот.

„Ќе уживаме до крајот на првенството, одигравме спектакуларно“, јасен е искусниот играч за врска.

„Сакаме да победиме во среда“, додаде Модриќ.

Реал во саботата ја освои 35-та шпанска титула во 120 години.

На Модриќ наскоро му истекува договорот со Мадрид, но од поодамна е познато дека ќе добие нов договор.

За многумина тој моментално е незаменлив во Реал, а во белиот дрес веќе собра 430 настапи откако во 2012 година пристигна од Тотенхем за 35 милиони евра. Со Реал освои дури четири ЛШ.

По заминувањето на Серхио Рамос и Кристијано Роналдо, Хрватот стана лидер на Реал Мадрид заедно со Карим Бензема и навивачите сакаат тие двајца да останат извесно време во клубот. И двајцата премногу му дадоа на Реал и клубот ќе направи се за да им се оддолжи и откако ќе ја завршат кариерата.