Connect with us

Фудбал

По цела деценија Давид Силва заминува

Давид Силва го одигра последниот меч за Манчестер Сити во Премиер лигата. Како што самиот изјави денешниот меч против Норич, кој го добива со 5:0 беше емотивен.

-Уживав играјќи сезонава во Премиерлигата и ова беше мојот последен натпревар. Сега треба да се фокусираме на Лигата на шампиони“, додаде Силва.

Пред 10 години тој во Сити дојде од Валенсија. За англискиот тим одигра 309 мечеви и постигна 60 голови, додавајќи и неверојатни 93 асистенции.