Фудбал
Победа потпиша со Дадет и Акугбе
Екипата на прилепска Победа доведе две нови имиња во тимот. Амос Губам Дадет е засилување за прилепчани на средината од теренот. Се работи за 22-годишен Нигериец, кој беше дел од словенечки Кршко. Дадет ќе ја зголеми конкуренцијата на средината и се очекува да внесе сигурност и брзина во тимот.
Во тимот пристигна и Амасихоху Џејмс Акугбе. Се работи за уште еден Нигериец со белгиски пасош. Акугбе има исто така 22 години, настапува на позициите во нападот и доаѓа од редовите на УРСЛ, а во минатото беше дел и од Остенде.