Фудбал
Победија, а потоа негираа: Нема незадоволство од Мурињо
Голманот на Тотенхем, Уго Лорис и фудбалерот од средниот ред, Сон Хунг Мин, ги демантираа шпекулациите дека играчите не се задоволни од работата на тренерот Жозе Мурињо.
-Имаме одлична атмосфера. Можам да кажам дека сите играчи се подготвени да се борат за новиот тренер и неговиот стручен штаб, изјави Лорис.
Тоа го потврди и Кореецот.
-Сите се среќни. Работата оди добро, додаде Сон.
Тотенхем вчеравечер го победи Норвич и ја прекина серијата од четири натпревари без триумф. Претходно се појавија информации дека фудбалерите на Тотенхем биле незадоволни од Мурињо, односно се пожалиле за неговите, како што се пишуваше, застарени методи кои ги применува за време на тренинзите и инсистирањето да се игра на долги топки.