Фудбал
Победија со 13:0!
Водечкиот тим во Втората холандска фудбалска лига, Цволе, во рамки на 27 коло го совлада Ден Бош со 13-0, израмнувајќи ја со тоа рекордната победа во историјата на професионалниот холандски фудбал.
Екипата предводена од тренерот Дик Шројдер по само четири минути игра стекна водство од 2-0, а по половина час веќе беше 7-0. До крајот на натпреварот фудбалерите на Цволе постигнаа уште шест голови за конечни 13-0.
Со идентичен резултат Ајакс пред три години во Првата холандска лига го совлада Венло.
Во Втората холандска лига досега највисоката победа изнесуваше 12-1, а ја забележа Спарта против Алмере во 2010 година.