Connect with us

Фудбал

Победија со 3:0, но Гвардиола не е баш задоволен: На моменти Баерн беше подобар!

Тренерот на Манчестер сити, Гвардиола не е задоволен од играта на своите избраници на синоќешниот дуел со Баерн Минхен и покрај високата победа со 3:0, во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

– Баерн е многу добар во тимска игра. Се играше тензино натпревар 60 минути. Во многу моменти противниците беа подобри од нас, но во 65. минута го постигнавме вториот гол, кој многу ни помогна. Бевме агресивни и вториот гол беше постигнат благодарение на ваквиот пристап. Резултатот е навистина многу, многу добар, но сепак треба да играме и реванш, изјави Гвардиола.

Возвратниот натпревар ќе се игра во Минхен на 19 април.