Фудбал
Победникот на Лига Европа привлече дефанзивец
Ајнтрахт Франкфурт го привлече португалскиот десен бек Аурелио Бута со договор на четири сезони до летото 2026 година, соопштија од клубот. 25-годишниот дефанзивец им се приклучи на освојувачите на трофејот во Лига Европа со слободен трансфер од белгискиот фудбалски тим Ројал Антверпен, каде што настапува од 2017 година.
Бута е квалитетен и искусен играч кој може да се бори за минутажа во нашиот тим и да ни помогне да ги постигнеме посакуваните резултати“, изјави членот на тимот Маркус Кроше. „Аурелио е брз, но и физички силен. На него може да се потпреме во одбраната и е опасен во нападот, па може да биде многу вреден за нашиот тим“.