Connect with us

Фудбал

Почетино потврди дека е подготвен за нов ангажман

Објавено:

Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Почетино индиректно потврди дека е заинтересиран за амбициозниот проект на Њукасл.

Њукасел во изминатата деценија двапати испадна од Премиер лигата, но сè може да се промени во наредниот период, со оглед дека саудискиот милијардер доаѓа на кормилото на клубот.

На Островот, тие тврдат дека Мохамад Бин Салман сака да го направи Њукасл еден од најсилните клубови во лигата, а во тој поглед, потрагата по нови засилувања е во тек, а Почетино, кој сè уште е без работа, би можел да биде тренер.

Самиот Почетино сега зборуваше за ваквите гласини.

„Кои клубови ја сочинуваат големата шестка? Тоа постојано се менува. Тотенхем не беа меѓу првите шест. Сега го нема ниту Арсенал. Мора да ги почитувате сите клубови. Сите се обидуваат, сите инвестираат и сите имаат амбиции да бидат на врвот. Никој не треба да се потценува“, рече Почетино, не криејќи дека повторно би работел во Англија.

„Ја сакам Англија, сакам да продолжам да живеам во Лондон, но јас сум отворен за други опции. Ќе видиме што ќе се случи. Јас сум подготвен, во најголем дел, исто како и целиот мој стручен персонал. Научивме многу за време на работењето во Еспањол, Саутемптон и Тотенхем, па можеме да понудиме многу“.

Се шпекулира дека Њукасл му нуди на Почетино петгодишен договор со приход од 19 милиони евра.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама