Фудбал
Почетино се приближува кон враќање на менаџерската позиција
Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино е се поблиску до враќање на тренерската работа.
Француските медиуми тврдат дека големиот аргентински стручњак е многу блиску до преземање на тимот на Њукасл Јунајтед, кој наскоро ќе биде во сопственост на саудискиот принц Мохамед бин Салман.
Почетино е првиот избор на богатите Саудијци за оваа позиција. Тој веќе ги заврши преговорите и, наводно, сè уште се чека само официјалната потврда дека Аргентинецот е нов менаџер на Њукасл.
А во својот нов ангажман, 48-годишниот стручњак ќе има пари да собере тим по свој избор. Најавени се големи инвестиции во тимот и извесно е дека овој тим има голема иднина пред себе.
Почетино се очекува да заработува околу 19 милиони евра годишно и ќе го потпише договорот на пет години.