Connect with us

Фудбал

Почина Чиро Блажевиќ

Хрватскиот тренер Мирослав Чиро Блажевиќ почина на 88-годишна возраст по долга борба со ракот.

Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година, двапати ја победи, но за жал трет пат не успеа.

„Тренерот на сите тренери“ е роден во Травник, а тој е автор на еден од најголемите успеси на хрватскиот спорт, светскиот бронзен медал од 1998 г.