Кошарка
Почина легенда на макбаскетот – поранешен играч и тренер на МЗТ!
Македонската кошарка доцна синоќа остана посиромашна за уште едно име кое го одбележа спортот со портокаловата топка во нашата земја откако на 66-годишна возраст почина Анте Дуковски.
Синоним за кошарка, особено во кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, каде помина најголем дел од својата играчка, но и тренерска кариера.
Дуковски исто така беше играч на велешки Борец, тренер и на Жито Вардар, извесен период мина и во дресот на Работнички. Откако заврши со играчкиот дел, работеше во клубот од Аеродром. Работеше и со големите тренерски имиња како Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски-Буштур, Ивковиќ, Балетиќ, а потоа долги години и со Александар Петровиќ.
Популарниот „Колегче“, беше дел и од нашите репрезентативни селекции, дел од македонската Спортска академија, а смртта го затече како дел од тренерскиот тим на Академија ФМП.