Connect with us

Фудбал

Почина легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ

Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ почина во болница во Рим во 53-та година од животот, јавуваат италијанските медиуми.

Михајловиќ во средината на 2019 година дозна дека боледува од леукемија.

Кога ја добив веста дека сум болен, тоа беше тежок удар. Со денови седев и плачев, животот ми поминуваше пред очи. Ова не се солзи од страв. Ја почитувам болеста, ќе се соочам со неа, изјави тогаш пред новинарите Михајловиќ.
Михајловиќ играше за Борово, Црвена Звезда, Војводина, Рома, Лацио, Интер, беше селектор на Србија, а како тренер ги водеше Катања, Фјорентина, Милан, Торино, Спортинг Лисабон.