Фудбал
Почина најголемиот фан на Академија Пандев-Горан Пандев Гокче
Горан Пандев – Гокче, голем фан на клубот Академија Пандев ненадејно починал. Тажната вест ја соопшти самиот клуб на социјалните мрежи.
-Со голема тага и жалост ја примивме веста за нашиот верен поддржувач со исто име и презиме со нашиот сопственик Горан Пандев. Гокче беше присутен на секој домашен и гостински натпревар на Академија Пандев, а беше и голем пријател на безброј спортисти и спортски работници. Почивај во мир Гокче, никогаш нема да бидеш заборавен, се вели во соопштението.