Connect with us

Фудбал

Почина поранешен фудбалер на Атлетико, постои сомневање за самоубиство

Денеска, 17 ноември, на 57-годишна возраст почина поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Герхард Родакс. Тој боледувал од тешка болест, а лекарите веруваат дека е можно Австриецот да си го одзел животот, пренесува весникот „Марка“.

Родакс беше во сезоната 1990/1995, откако ја освои сребрената копачка во претходната кампања, постигнувајќи 35 гола за Адмира Вакер.

Во Атлетико, Родакс не успеа да се наметне и следната сезона се врати во татковината, каде ги бранеше боите на Рапид Виена, пред да се врати во Адмира, каде ја заврши кариерата во 1996 година.