Фудбал
Почина Силвио Берлускони кој со Милан остави неизбришлива трага во фудбалот!
Долгогодишниот сопственик на Милан и поранешен премиер на Италија, Силвио Берлускони, почина денеска на 86-годишна возраст.
Берлускони почина во болницата Сан Рафаеле во Милано, откако беше примен во април поради инфекција на белите дробови предизвикана од хронична леукемија.
Ја водеше партијата Форца Италија, а меѓу 1994 и 2011 година беше премиер на Италија во четири наврати.
Берлускони, паралелно со работата во медиумите, остави неизбришлива трага во светот на фудбалот водејќи го Милан од 1986 до 2017 година, издигнувајќи ги Росонерите на незамисливи фудбалски височини.
Во тој период Милан освои дури 29 трофеи, од кои пет европски шампионски титули и осум Скудета.
Берлускони го продаде Милан во 2017 година на Кинезот Ли Јонгјеонг за 740.000.000 евра и веќе во 2018 година ја презеде Монца, која ја водеше во Серија А.