Други спортови
Почина спортскиот новинар Зоран Поповски
Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина новинарот Зоран Поповски. Тој беше дел од порталот Спортманија од првиот ден на формирањето. Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како А1, „Дневник“, „Македонски спорт“, „Спортмедиа“, „Република“…
Тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија.Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.