Фудбал
Почина тренерот кој ја предводеше славната генерација на Панчев и Најдоски до врвот на светот
Фудбалскиот клуб Црвена Звезда соопшти дека синоќа, во 86-та година од својот живот, во вечното почивалиште заминал легендарниот играч и тренер Владимир Владица Поповиќ.
Со него, во 1991 година Црвена Звезда, во чиј состав беа и македонските фудбалери Дарко Панчев и Илија Надјоски во Токио го освоија Интерконтиненталниот куп откако го совладаа Коло Коло со 3:0.
Поповиќ како фудбалер играл за југословенската репрезентација. На клупски план играл за Штутгарт, потоа Депортиво Канаријас, Поругез, Индипеденте Санта Фе, Атлетико Национал и Депортиво Кали.