Кошарка
Почина уште една легенда на ЛА Лејкерс
Елџин Бејлор, легенда на НБА тимот ЛА Лејкерс почина на 86-годишна возраст. Информацијата ја објави НБА тимот на своите социјални мрежи.
Бејлор го облече дресот на Лејкерс во 1958 година откако беше избран за прв пик на драфтот. Потоа ја помина целата своја кариера во овој тим, а ќе остане запаметен во историјата по еден негативен рекорд. Имено, тој ги загуби сите осум НБА-финалиња што ги играше.
Бејлор постигна вкупно 23.149 поени во својата кариера, додека просечно реализираше 27.4 поени и 13.5 асистенции по натпревар.
Пред повеќе од година дена почина уште една легенда на Лејкерс, Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, заедно со својата ќерка Џијана и уште седум патници на екипажот.