Фудбал
Подготвен да игра за минималец само да избега од Челзи и да се врати во Барселона!
Пјер-Емерик Обамејанг (33) е подготвен на се само да си замине од Челзи. Тој летово се пресели од Барселона во Челзи за околу 12 милиони евра и сега сака да се врати во редовите на каталонскиот клуб. Не му е важна платата, само да избега од Лондон и повторно да заигра на „Ноу Камп“.
Шпански „Спорт“ пренесува дека Аубамејанг веќе стапил во контакт со клупските челници и дека е „подготвен да ја добие минималната плата само за да се врати“. Сезонава не играше во дресот на тимот од „Стемфорд Бриџ“. Во Премиер лигата одигра 12 натпревари и постигна само еден гол, а испадна од тимот за Лигата на шампионите. Откако ги доведе засилувањата, Енцо Фернандез, Михаил Мудрик и потроши 600 милиони евра, Габонецот не беше пријавен за продолжението од елитното натпреварување.