Connect with us

Фудбал

Подготвени три шут-карти

Прашање е само на денови, кога Џузепе Марота и официјално ќе биде именуван за нов генерален менаџер на италијанскиот калчо гигант Интер.

Поранешниот главен оперативец на Јувентус веќе со недели преговара со челниците на “нероазурите”, но италијанските медиуми се убедени дека преговорите се во завршна фаза и дека Марота веќе го составил списокот со фудбалери кои ќе бидат продадени за време на зимскиот преоден рок.

Излезната врата од “Џузепе Меаца” најверојатно ќе им биде покажана на Борха Валеро, Антонио Кандрева и Миранда.