Фудбал
Подготвени за вечерва, три мега пресметки кои мора да се гледаат!
Вистинска неделна вечер со фудбалски шмек. Три големи фудбалски пресметки, три дери меча. Првиот секако е популарното Ел Класико, натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Натпреварот започува во 21:00 часот, а разликата помеѓу првопласираната Барселона и второпласираниот Реал Мадрид е цели девет бодови. Претпоставувате дека исходот од овој дуел веројатно ќе значи многу во понатамошната трка за титулата.
Вториот меч е Дерби на Италија. Интер на домашен терен го пречекува Јувентус. Тимот на Симоне Инзаги е втор на табелата, Наполи е далеку на лидерската позиција, а Јувентус се бори по одземените 15 бодови да се врати во делот на табелата чии позиции носат пласман во Европа. Но, без разлика на бодовниот императив, секогаш има резултатски императив, бидејчи без разлика на позицијата на табелата победа во дерби си е победа. Овој меч започнува во 20:45 часот.
Неколку часа претходно се игра уште едно „мало„ дерби, во однос на овие два кои ги спомнавме. Се игра римското дерби помеѓу Лацио и Рома со почеток во 18:00 часот, меч кој секогаш носи големи возбудувања.