Connect with us

Фудбал

Подгответе се за новиот трансфер преоден рок, нема да биде во август!?

Како што пишува „Кориере дело Спорт“, овогодинешниот преоден рок ќе трае од 1-ви септември, до 5-ти октомври. Не звучи баш „летен“ преоден рок, но поради пандемијата со коронавирус, се е поместено, па така ќе биде и со периодот во кој клубовите ќе може да регистрираат нови играчи.

Поради тоа што сезоните се продолжени, а голем дел од нив ќе завршат токму пред крајот на август, идејата е новиот преоден рок да почне од 1 септември и да трае нешто повеќе од еден месец. До 5-ти октомври сите договори на фудбалерите за новата сезона ќе мора да бидат завршени.