Connect with us

Фудбал

Поднесено обвинение против најголемата sвезда на Астон Вила

Џек Грилиш, англиски фудбалер и капитен на Астон Вила, е обвинет за сообраќајни прекршоци што се случиле пред три месеци.

Грејлиш беше обвинет и за несовесно возење и за не пријавување судир. Тој со својот автомобил се забил во паркирани возила и го напуштил местото на настанот. По истрагата е поднесено обвинение против Грилиш.

Инцидентот се случил само 24 часа откако тој ја повика јавноста да остане дома поради пандемијата на коронавирус. Грилиш има репутација како голем талент и одличен фудбалер, но и играч склон кон проблеми и инциденти, најмногу поврзани со алкохол.

Многу англиски клубови го сакаат во своите редови, но тој не ја напушта својата Астон Вила. Тој исто така беше во комбинациите за место во репрезентацијата на Англија за во меѓувреме одложениот Евро 2020. Неби било чудно доколку инцидентите наштети на неговата кариера во националниот тим.