Connect with us

Други спортови

Пофалби од поранешниот ривал: „Хамилтон е најталентираниот возач во историјата на Формула 1“

Луис Хамилтон и Нико Розберг се големи ривали уште од детството. Се започна во серијата картинг и се пресели во Формула 1.

Хамилтон и Розберг беа заедно во Мерцедес неколку години. Токму германскиот возач е единствениот кој успеа да ја преземе титулата светски шампион во хибридната ера, барем досега.

Во меѓувреме, Луис собори многу рекорди, а најмногу бројот на победи (100) и пол позиции (102) и затоа често го споредуваат со Михаел Шумахер.

“Луис е неверојатен природен талент. Мислам дека тој е веројатно најталентираниот возач досега. Има феноменален инстинкт”, рече Розберг.

“Има голема разлика во трудољубивоста. Луис мрази да тестира, а Михаел тестираше секој ден, иако беше седумкратен шампион. Но, знаеше дека секогаш има што да се научи. Тоа беа трудољубивост и страст”, изјави поранешниот светски шампион.

Хамилтон оваа година се бори за осмата светска титула. На шест трки пред крајот зад водечкиот Макс Верстапен (Ред Бул Хонда) заостанува шест бода.