Connect with us

Фудбал

„Пофалби“ од Ширер за неговиот Њукасл- „Добри сте за во Чемпионшип, не Премиер Лигата“

Најголемата легенда од клубот Њукасл, Алан Ширер, изрази големо незадоволство од екипата во досегашниот дел од Премиер Лигата.

Њукасл беше поразен во средата од Манчестер Сити дома 1: 0, во натпреварот каде што домаќинот имаше само 22% од сопственоста над топката.

Тимот на Рафаел Бенитез, според менаџерот на Сити Пеп Гвардиола, “не сакаше да игра”, а уште посурови зборови беа испратени од легендата Сент Џејмс Парк.

“Тие се тим од Чемпионшип (втора лига) што игра во Премиер Лигата”, рече Шерир.

Њукасл беше поразен по четврти пат во последните пет натпревари, 15-ти е на табелата со 18 поени од 20 натпревари, со само пет повеќе од последните Свонси.

“Треба да доведеме некој да му помогне на тимот, но сепак треба да имаме поголема доверба”, рече Бенитес.

Дури и на овој натпревар во протоколот на Њукасл го немаше српскиот претставник Александар Митровиќ, поради “повреда на грбот”.

Тој го најави заминувањето, бидејќи Бенитез не му даде шанса.