Connect with us

Фудбал

Погба без емоции кон Мурињо, ја откри неговата темна страна

Иако се ближи наредно коло, сепак страстите уште не се смирени од претходното. Имено, реакциите се уште траат по мечот Тотенхем-Манчестер Јунајтед (1:3) особено за потегот на Сон кој малку глумеше па беше поништен чист гол на Кавани.

Како што е познато по мечот со изјави се препукуваа Солскјер и Мурињо, а сега се вклучи пол Погба.

Тој вели ја открива темната страна на Мурињо од времето кога биле во Манчестер Јунајтед кога Португалецот му ја одземал капитенската лента.

-Тоа што го имам сега со Оле е поинакво, тој не би отишол против фудбалерите. Можеби Оле нема да го одбере фудбалерот, но не го става на страна како тој да не постои веќе. Тоа е разликата меѓу Мурињо и Оле.

„Кога имав добар однос со Мурињо, сите го видоа тоа, а следниот ден не знаеш што ќе се случи. Тоа е чудна работа која ја имав со Мурињо, не можам да ви објаснам бидејќи дури ни јас не знам, изјави Погба.