Фудбал
Погба би можел да се врати веќе во октомври
Играчот од средниот ред на Јувентус и Франција, Пол Погба се надева дека ќе се врати на терените следниот месец и покрај тоа што неодамна беше опериран на коленото, пренесува Tuttosport.
29-годишниот Погба планира да биде фит до 25 октомври за да игра против Бенфика во Лигата на шампионите.
Играчот од средниот ред моментално влегува во втората фаза од своето опоравување, преминувајќи од пливање и сесии во теретана на вежби на теренот.
Погба летово на слободен трансфер дојде во Јувентус и потпиша четиригодишен договор со клубот.
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека на Погба му треба време да ја врати кондицијата за да биде вклучен во тимот за Светското првенство во 2022 година.