Connect with us

Фудбал

Погба ќе го пропушти Светското првенство поради повреда

На три недели до почетокот на Светското првенство во Катар, актуелниот освојувач на трофејот Франција доби нов сериозен удар. Играчот од средниот ред на „петлите“, Пол Погба ќе го пропушти Светското првенство поради повреда.

Ова го соопшти неговиот агент, а причината е повредата на бутот на Погба, која ќе го оддалечи играчот на Јувентус од составот на Дидие Дешамп. Пред Погба стана јасно дека поради повреда недостапен ќе биде и Н’Голо Канте.

Така, „петлите“ загубија двајца од нивните клучни играчи од пред четири години кога Франција ја победи Хрватска на Светското првенство во Русија и ја освои својата втора светска титула во историјата.

Самиот Погба се обиде претходно да го прекине лекувањето и да продолжи со тренинзите со Јуве, но ја напна десната нога и сигурно нема да се врати на теренот до најголемиот фудбалски форум на планетата.

Сепак, Дешам ќе може да му даде шанса на младиот Едуардо Камавинга, кој веќе се наметна во Реал Мадрид по трансферот од Рен во летото 2021 година.

„Петлите“ се во групата Д во Катар заедно со Данска, Австралија и Тунис.