Поврзи се

Фудбал

Погба неизвесен за мечот со Севиља

Учеството на Пол Погба во претстојниот реванш-дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите со Севиља останува нејасно, соопшти менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Натпреварот е утре на „Олд Трафорд“, откако пред три недели, двете екипи одиграа со 0:0 во Шпанија.

Французинот се повреди на последниот тренинг на Јунајтед пред дербито со Ливерпул во саботата и Мурињо се уште не знае дали најскапиот фудбалер во неговиот состав ќе биде на располагање за решавачкиот натпревар.

– Погба се повреди при судир со друг играч на последниот тренинг. Ако го завршев тренингот минута порано, тоа немаше да се случи, изјави Мурињо.

Добрата вест за Португалецот е враќањето на играчот од средниот ред, Маруан Фелаини, кој играше 20 минути против Ливерпул во саботата.

– Треба да му честитам на секој играч во тимот, но најмногу на Фелаини кој го оперираше коленото. Тој се врати предвреме, заврши одлична работа со рехабилитацијата, која се случи по негов сопствен план. Пред неколку дена тој се врати на тренинг базата и рече дека е подготвен да игра, додаде Мурињо.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал