Connect with us

Фудбал

Погба се враќа на теренот!

Францускиот играч од средниот ред Пол Погба се враќа на тренинзите во Мастерстер Јунајтед оваа недела.

Кошмарот на Погба ќе заврши тука. Овој фудбалер не игра фудбал со месеци, а има запишано само осум натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Најскапиот играч во историјата на Манчестер Јунајтед има проблем со повредите, но се чини дека сè е конечно решено и е целосно здрав.

Претходно беше објавено дека тој најверојатно ќе биде подготвен за дербито во Манчестер кое е на програмата на 8 март и кое би можело да биде пресудно за сезоната на Јунајтед во Премиер лигата. Клубот се бори да стигне до Челси или Лестер на 4 или 3 позиција на табелата за да обезбеди место во ЛШ, а можниот пораз на дербито би бил голем чекор назад.

Покрај проблемот со повредата, сезоната на Погба повторно ја обележаа низа трансфер шпекулации, кои не престанаа денес, па ќе биде интересно да се види како сето тоа влијаеше врз него.