Connect with us

Фудбал

Погба сепак ќе оди во Јувентус?

Нема ништо од заминувањето на Пол Погба во Реал или Интер, но Французинот би можел да ја продолжи кариерата во Јувентус.

Тој веќе го носеше дресот на овој клуб, а наводно Манчестер Јунајтед побара 100 милиони евра за неговите услуги.

Јувентус би платил удел, а ги понудил Рабио и Ремзи.

Јунајтед на тој начин би се согласил на 30 милиони евра и ќе видиме дали ќе биде постигнат договор на крајот.

Пол Погба е во Јунајтед од 2016 година. Тој пристигна од Јувентус за 105 милиони евра, и одигра 143 натпревари и постигна 31 гол за „црвените ѓаволи“.

Тој не играше во последно време поради повреди.