Connect with us

Фудбал

Погба во аут уште најмалку три недели

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, поради повреда ќе пропушти уште најмалку три недели, објави весникот „Газета дело спорт“.

 Францускиот репрезентативец кој се мачи со повреди уште од минатото лето, има нова повреда на адукторот на десната натколеница, покажаа лекарските прегледи, соопштија од клубот од Торино.

 – Жал ми е за момчето затоа што тренира многу добро во последно време. Но, мора да има малку повеќе трпение и да се врати посилен од порано, изјави тренерот на „бјанконерите“ Масимилијано Алегри.

 Погба пропушти 34 од 37 натпревари на Јувентус оваа сезона. Ќе отсуствува уште најмалку три недели.