Фудбал
Погба во Јувентус, но само под еден услов
Пол Погба би можел да се врати во Јувентус ова лето.
Францускиот фудбалер изрази желба за враќање во Торино откако помина две прилично скромни сезони во Манчестер Јунајтед, а и раководството на „Бјанконерите“ не би имале ништо против да го ангажираат.
Сепак, за Погба повторно да го облече дресот на „Старата дама“ мора да замине Миралем Пјаниќ. Тој се поврзува со Манчестер Сити, а „Старата дама“ наводно за него бара 80 милиони евра и ако дојде до трансфер, Јуве ќе тргне кон ангажман на Погба.
Значи, се зависи од потенцијалниот трансфер на Миралем Пјаниќ. Ако го напушти Јувентус, Погба ќе дојде како негова замена, но сето ова е се уште далеку од реализација.
Погба во летото 2016. година го напушти Јувентус и потпиша за Манчестер Јунајтед во трансфер вреден 105 милиони евра.