Фудбал
Погба за селекторот на Франција: Ме направи човек, тој е како татко за мене!
„Мене ми е како татко“, така започнува Пол Погба кога го прашаа за тренерот на Франција, Дидиер Дешамп.
Играчот од средниот ред изгледа прилично приврзан кон селекторот на Франција и во неодамнешното интервју, тој кажа многу добри зборови за него.

„Мене ми е како татко, така го гледам Дешамп. Имам многу почит кон него и секогаш го слушам. Тој ме направи човек “, заклучува ѕвездата на Манчестер Јунајтед.