Фудбал
Погба жали што ја пропушти шансата да игра на Светското првенство во 2022 година
Пол Погба поради повреда е исклучен од тимот на селекторот на Франција, Дидие Дешам за Светското првенство во Катар.
Ова е голем удар за репрезентацијата, но и за самиот фудбалер кој сакаше да биде меѓу своите колеги. Но, очигледно, како што самиот вели, Бог имал други планови за него.
„Очигледно Бог имаше други планови за мене. Ќе навивам за мојот тим, за мојата нација, ќе ја следам мојата земја од далеку, моето срце ќе биде со нив. Среќно на сите избрани репрезентативци“, изјави Погба.
Погба допрва ќе настапи за Јувентус оваа сезона и продолжува да се опоравува од повредата, па логично не најде место во тимот на Дидие Дешамп за Светското првенство во Катар.
Досега Погба има 91 настап за националниот тим и постигна 11 голови.