Connect with us

Фудбал

Погледнете го најлудото судиско продолжение во сезоната – четири гола за шоу во Англија

Неверојатен натпревар одиграа фудбалерите на Чарлтон и Ипсвич во 17. коло од англиската Лига Еден, односно третолигашот на англискиот фудбал. Натпреварот заврши 4:4, но на фудбалските терени ретко се гледа она што се случи во судиското надополнување.

Гостите поведоа во судиското надополнување на првиот дел со голот на Георг Едмунсон, а на 0:2 зголеми Тајрис Џон-Џул во 52. минута. Чарлтон не се предаде и со головите на Рак-Саки и Алби Морган израмни на 15 минути пред крајот. Со тие 2:2, судијата влезе во судиското продолжение од шест минути, а потоа се случи нешто невидено.

Во првата минута од судиското надополнување, Ипсвич поведе со голот на Фреди Ладапо, а Сем Морси погоди за 4:2 во 95. минута. Во тој момент сите што го гледаа натпреварот помислија дека е готово, но домашните играчи не се согласија. Најпрвин Терел Томас намали на 3:4 во 97. минута, а Џорџ Добсон погоди во деветтата минута од судиското надополнување за 4:4 и делириум на стадионот.