Фудбал
Погледнете го нервозниот Роналдо, ја фрлил капитенската лента (ВИДЕО)
Ал Наср киксираше во трката за титулата во Саудиска Арабија, ремизирајќи 0-0 против Ал Фајха тим за кој игра нашиот Александар Трајковски, и кој е во долниот дел од табелата. Ова не му одговараше на првата ѕвезда на лигата Кристијано Роналдо (38) кој живее за голови, рекорди и трофеи.
– Не сакаш да играш, не сакаш да играш – му довикувал Роналдо на противничкиот играч додека заминувал кон тунелот на стадионот.
И таму, пак, од бес ја фрли капитенската лента, пишуваат светските медиуми, иако на ова видео не се гледа тој момент. Не му е прв пат, претходно направи слично нешто во португалската репрезентација.
Роналдо, е неефикасен четири натпревари во низа, а претходно постигна седум гола.