Фудбал
Погледнете ја асистенцијата на Елиф Елмас во 92-та минута за шок во Торино и победа против Јувентус (ВИДЕО)
Наполи го совлада Јувентус со 0:1 во дербито на колото, а директен удел во победата имаше нашиот Елиф Елмас. Тој во 92-та минута испрати прецизен центаршут до Распадори кој постигна прекрасен гол.
Претходно Ди Марија во 82-та постигна гол, но по прегледување на ВАР, голот беше поништен поради прекршок врз Лоботка во истара акција или контра по која беше постигнат голот.