Connect with us

Тајмаут

Погледнете која е казната ако ви заѕвони телефонот кај Лампард на тренинг

Неговите одлуки мора да се почитуваат, тоа го најави и при доаѓањето на чело на клубот.

Френк Лампард постави ценовник пред соблекувалната на клубот.

Меѓу најголемите казни е доцнењето на тренинг, бидејќи истото би ве чинело 20.000 фунти. Дури и ако стигнете на почетокот од тренингот, ќе мора да платите 2.500 фунти, бидејќи не сте ги добиле потребните инструкции што ќе се работи на тренингот.

За доцнење на состанок на тимот се казнува со 500 фунти од минута, а сериозен „удар“ по џебот ќе почувствува оној кој не пријавил настинка или повреда во пресрет на денот, или најдоцна еден час пред слободниот ден до почетокот на наредниот тренинг. Тој превид би можел да ве чини 10.000 фунти.